Examinare професорско издание

Најактуелна професорска алатка за истражување.

Потребите на професорите во однос на анкетните алатки значително се разликуваат од потребите во останатите професионални полиња. Нашата анкетна алатка може секојдневно да се користи за да го дознаете мислењето на студентите за часот, за да дознаете колку добро го совладуваат наложениот материјал, што им се допаѓа, а што не, како и за да ги измерите нивните посветеност, и ефективност во однос на образовните програми. Имајќи ги предвид овие, и многу други образовни потреби, ние создадовме единствено, исклучително решение за најважните луѓе во сите академски процеси.

Целосно преведена анкетна алатка.

Нашата анкетна алатка ќе Ви заштеди многу време бидејќи е однапред преведена на Вашиот мајчин јазик. Examinare анкетната алатка, како и нејзиното детално објаснето упатство за користење, е лесна за користење и, воедно, достапна на повеќе од 30 јазици. Затоа, работејќи со нашето решение, Вие ќе добиете повеќе време што ќе можете да го искористите за унапредување на секоја анкета наместо за многубројни истражувања на потребните функции и нивната конкретна задача.


Целосно компатибилна со SPSS

Дали користите SPSS во Вашите статистички анализи? По собирање на резултатите од Вашите анкети, внатре во нашата алатка, можете лесно, со само едно притискање на глувчето, да ги „симнете“ потребните податоци во „.sav“ или „.sps“ формати и да продолжите со анализата користејќи SPSS.


Целосно прилагодлив дизајн.

Examinare анкетната алатка има многу однапред направени дизајни за анкети, но, исто така, постои можност Вие самите да си направите дизајн што ќе ја направи Вашата анкета поуникатна. Достапни се следниве функции: додавање на сопствено лого, менување на бојата на анкетното прозорче, составување инструкции, вметнување линкови, како и многу други функции со можност за прилагодување. Можете да продолжите и чекор понапред со воведување на напредни дизајнерски елементи преку ажурирање на АПЗ во Напредни подесувања.


Неограничен број на анкети и одговори.

Една од најистакнатите одлики на нашата анкетна алатка е фактот дека ние не поддржуваме никакви ограничувања за време на работата. Нашиот став е дека штом одреден потрошувач плати за услугата, никој, освен самиот тој, нема право да му ја ограничува работата. Оттаму, со Професорскиот профил добивате можност да составите онолку анкети колку што Ви наложува Вашата работа, да ги испратите на што повеќе респонденти и да ги соберете сите одговори без никакви ограничувања.

Ве молиме, имајте предвид дека професорското издание е решение наменето за користење само во некомерцијални цели и е дистрибуирано по најниска цена на пазарот!


Погледнете ги нашите актуелни цени на ценовникот.

За цената што ќе ја платите, ќе добиете најголема можна функционалност, во споредба со останатите постоечки платформи. Добијте го Вашиот профил во Examinare Campus издание, онлајн и веднаш!

Цени